Италијанскиот шампион Јувентус ја обезбеди првата победа во новата сезона на Лигата на шампионите. На гостувањето во Киев, момците на Андреа Пирло со двата гола на Мората го совладаа Динамо со 2:0.

Првиот гол во новата сезона во Лигата на шампионите на УЕФА беше дело на голгетерот на Јувентус, Алваро Мората. Повратникот во торинскиот клуб по само две минути игра во вториот дел успеа да собере еден отпадок пред домашниот гол и да го донесе Јуве во водство од 1:0.

И покрај неколкуте промени во составот на домашните, Динамо (К) не успеа да направи ништо посериозно пред гостинскиот гол. Напротив во 84. минута по едно одлично уфрлување од десната страна, Алваро со глава по вторпат го матираше домашниот голман за предност на Јувентус од 2:0.

ДИНАМО (К) – ЈУВЕНТУС 0:2 »

 

На дуелот во Ст. Петерсбург на прв гол се чекаше до 63. минута, кога гостите по еден вистински карамбол во домашниот шеснаесетник успеаја да ја сместат топката во мрежата за водство од 1:0. Зенит не чекаше многу, тргна со сите сили во напад и во 74. минута со еден фантастичен шут од далечина Хрватот Дејан Ловрен погоди со мала помош на гостинскиот голман и израмни на 1:1. Иако Зенит се обидуваше да дојде и до победа, Бриж успеа да го направи она што никој не го очекуваше на „Газпром Арената“. Во 93. минута по една одлична акција и лошо поставена офсајд замка од домашните, Де Кетеларе го погоди голот на Кержаков и ја „смрзна“ домашната публика. Бриж замина од Русија со цел плен – 1:2.

ЗЕНИТ – БРИЖ 1:2 »