Пандемијата коронавирус и натаму му пркоси на спртот. Во Лигата на шампионите оваа сезона на големо почнаа да се одложуваат мечеви поради позитивни лица на Ковид-19.

По Барселона, во изолација замина и Веспрем. Токму овие две екипи требаше да се сретнат ова коло, но дуелот е одложен од пред некој ден.

Сега со проблем се соочува и унгарскиот тим, еден од играчите бил позитивен на Ковид-19, па целиот тим е ставен во изолација.

Станува збор за Коралес, голманот на Веспрем, поради превенција целиот тим ќе биде затворен, за неколку дена ќе направат тренинзи, по што ќе биде познато дали ќе се вратат на теренот.