ПСЖ вечерва (21 часот) ќе се сретне со Манчестер Јунајтед на домашен терен во првото коло во Лигата на шампиони.

Францускиот тим има сериозни проблеми со повредени играчи, но ударниот тандем Нејмар и Мбапе се подготвени за овој натпревар. Францускиот фудбалер може да влезе во историјата и со еден гол на урне уште еден рекорд.

Мабпе во досегашната кариера имаше постигнато 19 голови во ЛШ, доколку вечерва постигне уште еден ќе постане најмладиот фудбалер во ова натпреварување кој стигнал до бројката од 20 погодоци.

Овој рекорд го држи Меси, кој својот 20. погодок го постигна на 22 години и 267 денови. Со оглед на тоа дека Мбапе нема наполнето 22 години, јасно е дека тој рекорд ќе му припадне нему доколку се запише во листата на стрелци против Јунајтед.