На Островот никако да заврши дебатата за стартот на голманот на Евертон Џордан Пикфорд врз Ван Дајк, по кој Холанѓанецот го чека долга пауза. Весникот „Дејли Меил“ денеска објави шокантна информација во која се објаснува зошто видео асистентот Дејвид Кот не сугерирал исклучување на Пикфорт по бруталниот старт во шеснаесетникот.

Според изданието, судијата не бил свесен за правилата и сметал дека по досудување офсајт, оваа одлука ги поништува сите следни постапки на голманот, меѓу кои и овој старт кој беше за црвен картон. Сепак, ова не е точно. Единствената работа офсајдот го поништи е можноста за пенал, но не и опасниот старт на Пикфорд.

Од Ливерпул веќе побараа формално мислење од Судската комисија. Сепак, Мајк Рајли им одговорил дека оваа информација не е точна и дека ВАР судијата ја разгледувал ситуацијата за црвен картон, но одлучил дека стартот на Пикфорд против Вирџил ван Дајк не е за исклучување.