Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ и Хувентуд продолжуваат без грешка во Еврокупот. Тимот од Бадалона го запиша четвртиот триумф во низа, ја совлада Венеција со 92-78.

Ова беше доста исцрпувачки меч, по изедначените 45-45, Хувентуд одигра добро во третата четвртина ја доби со 28-20, потоа во ист ритам продолжи во последните десет минути.

Димитријевиќ одново беше меѓу најдобрите, беше втор стрелец со 14 постигна поени (0/2 за три, 5/7 за два поени, 4/6 за еден поен) , а за нецели 19. минути додаде уште два скока и една асистенција.

Хувентуд по 4. коло е лидер во групата А со максимален учинок.