Лино Червар се врати во тимот на ППД Загреб, но ќе има поинаква функција. Искусниот стратег ќе биде советник за спортски прашања.

„Долги години бев тренер на ППД Загреб, па токму затоа добро го познавам тимот. На почетокот би сакал да истакнам дека коронавирусот ги погоди сите сали, денеска главна задача е да ги одржиме клубовите.

ППД Загреб е предводник на сите наши клубови, бидејќи е клуб со богато минато, сегашност и мора да има иднина. Со години одгледуваше многу деца и играчи, и сè уште е многу важен за нашата репрезентација. Ние мора да создадеме играчи. Затоа, ќе се обидам да го пренесам моето искуство, моите визии и идеи. Ќе се потрудам најдобро да влијаам и да ги следам и да ги водам тренерите од сите возрасти“, рече Червар на денешната промоција.