Ромелу Лукаку постигна два гола за Интер на дуелот со Борусија Менхенгладбах во 1.коло од групите во Лигата на шампионите. Белгиецот се впиша и во историјата на Интер како прв играч на миланскиот клуб кој реализирал на девет натпревари по ред во европските купови.

Пред вечерашниот меч Лукаку реализираше гол(ови) на претходните четири меча во Лигата на Европа против Севиља, Шахтјор (два), Баер Леверкузен, Хетафе што се играа во јули, на двата меча против Лудогорец во февруари исто така во нокаут фазата на ЛЕ како и на мечевите со Славија Прага и Барселона во групната фаза на ЛШ во ноември и декември 2019 година.