Дали го имаме голот на вечерта во Лигата на шампионите? Прекрасен погодок реализира фудбалерот на Порто Луис Диаз на мечот против Манчестер Сити. Колумбиецот тргна во напад и како брз воз трчаше покрај дефанзивците на Сити кои никако не можеа да го соборат, на крајот се намести на десната нога и шутна силно по земја совладувајќи го Едерсон на голот на Сити.

Но само шест минути подоцна пенал за Сити. Серхио Рамос прецизен од белата точка за 1:1.