Реал Мадрид стартуваше во ЛШ со пораз од Шахтјор на домашен терен со 2:3. „Кралевите“ на полувреме губеа со 0:3, а во второто се подобриа и постинаа два гола, а дадоа и уште еден во последните секунди кој им беше поништен поради офсајд.

Тренерот Зинедин Зидан не е среќен од изданието на своите момци, посебно во првото полувреме каде што се грешење на секој чекор што е недозволиво за 13-кратен европски првак.

Лош натпревар. Во првото полувреме не игравме ништо. Стоевме на теренот и гледавме како противникот трча. Не видов ништо од екипата, работите не одеа како што треба и  кога е така вината секогаш е кај тренерот. За среќа игравме добро во второто полувреме. Реагиравме како што треба меѓутоа не успеавме да се вратиме. Јас сум виновен за овој болен пораз. Требаше да преземам нешто порано. Морам да го анализирам мечот и да го спремам тимот за да не си дозволи повеќе вакви грешки на следните натпревари“, изјави Зидан.