По првото полувреме на натпреварите од 1. коло во ЛШ во дербито на вечерта Баерн води против Атлетико на „Алијанц арена“ со 2:0. Головите ги постигнаа Коман и Горецка.

Ливерпул поведе во Амстердам против Ајакс благодарение на автоголот на Таљафико во 35 минута.

А Аталанта одигра фуриозни 45 минути во Данска против дебитантот Митјиланд. Води по првиот дел со 3:0 со головите на Запата, Гомез и Муриел.

Во Манчестер резултатот на дуелот Сити-Порто е 1:1. Гостите поведоа со прекрасниот гол на Луис Диаз, а домашните изедначија со погодокот на Агуеро од пенал.

На мечевите Интер-Менхенгладбах и Олимпијакос-Марсеј нема голови.