Европскиот шампион Баерн Минхен со победа ја отвори новата сезона во Лигата на шампионите. И тоа не било каква победа, туку убедлива против силниот Атлетико Мадрид со 4:0.

„Баварците“ доминираа и едноставно го „раскостија“ ривалот од Мадрид кој никако не успеваше да фати ритам.

Коман и Горецка со голови во првото полувреме му донесоа предност на Баерн од 2:0. На стартот на второто полувреме Жоао Феликс погоди за Атлетико меѓутоа судијата го поништи голот по реакција на ВАР поради офсајд.

А потоа Корентин Толисо и уште еднаш Коман донесоа убедлива победа на Баерн во дуелот со Атлетико.

Всушност Баерн има 100% ефект против Атлетико на домашен терен. Четири меча – четири победи.