Реал Мадрид се посрамоти на свој терен во дуелот со Шахтјор Доњецк во првото коло од групната фаза (група Б) во Лигата на шампионите. Не велиме дека Шахтјор е слаба екипа, меѓутоа дојдоа без 10 играчи кои се во самоизолација поради коронавирус и како таков славеше во Мадрид против 13-кратниот европски првак. Резултатот на крајот 2:3 за украинскиот шампион.

„Кралевите“ во второто полувреме тргнаа на се или ништо и дури постигнаа гол во 92 минута за изедначување но истиот беше поништен поради офсајд по реакција на ВАР.

Уште во првото полувреме „рударите“ му дадоа три гола на „кралскиот клуб“. Тете ја најави голеадата, водството го зголеми Варан со автогол, а на 0:3 зголеми Соломон.

Тоа беше голем шок за Реал Мадрид кој три гола во прво полувреме немаше примено од 2005 година.

Во вториот дел Зинедин Зидан се обиде да смени нешто но тоа му донесе само ублажување на поразот. Прво Лука Модриќ со убав гол од далечина донесе надеж дека може да се променат работите на подобро, а Винисиус Јуниор само 14 секунди по влегувањето во игра реализира за 2:3. За жал на „Кралевите“ тој резултат остана и така го доживеаја првиот пораз во новата сезона.

А Шахтјор слави против Реал после два претходни порази од нив.

А Салцбург и Локомотив одиграа 2:2 во Австрија. Русите поведоа со голот на Едер во 19 минута, а Салцбург изедначи преку Собослаи во 45 минута. Само што почна второто полувреме Златко Јунузовиќ постигна гол за пресврт, но, радоста на домашните не траеше долго затоа што московјаните изедначија преку Лисакович.

Ова е меч од групата А.