Реал Мадрид загуби од Шахтјор во новата сезона од Лигата на шампионите. Вклучувајќи ја и елиминацијата од нокаут фазата (два пораз) во претходната сезона Реал прв пат по 1981 година загубил три меча по ред во Лигата на шампионите.

Без капитенот Серхио Рамос „кралскиот клуб“ беше очаен во одбраната. Играчите на украинскиот шампион се шетаа во нивниот шеснаесетник без проблем, а лесно постигнуваа голови.

А дека Рамос му е многу потребен на Реал покажува и статистиката. Без капитенот „кралскиот клуб“ победил само еднаш во осум дуели во Лигата на шампионите. Тоа сигурно е добра слика за важноста на капитенот на теренот.

Вечерашниот дуел Рамос го пропушти поради повреда на коленото.