Не му се пишува добро на тимот на Реал Мадрид на стартот на новата Лига на Шампиони. Вечерва во рамките од почетната програма, во Мадрид, Реал губи на полувреме од тимот на Шахјјор Доњецк со 0:3, со головите на Тете, автоголот на Варан и погодокот на Соломон.

Украинците доминираат на овој меч промашија уште една две зицер ситуации, додека Реал не може да се состави особено во фаза на одбрана.

Уште еден интересен факт, претходно Реал примил три гола во прво полувреме од Лион во септември 2005 година.

Од друга страна пак во вториот дуел од пладневата програма, Ред Бул Салцбург Динамо Москва на полувреме 1:1.