Салцбург одигра 2:2 против Локомотив Москва во 1. коло од групата А во Лигата на шампионите. Австрискиот шампион губеше, но направи пресврт но на крајот мораше да се задоволи само со бод.

Сепак, клубот кој втор пат во историјата игра во групите на ЛШ на светот му го претстави новиот Халанд. Ако Норвежанецот блескаше минатата сезона во Австрија и во Европа, па направи трансфер во Борусија Дортмунд, Салцбург веднаш си најде нов голгетер. Станува збор за 19-годишниот Доминик Собослаи кој вечерва реализираше еден гол во ремито со Локомотив и така веќе на 8 натпревари оваа сезона има четири гола и шест асистенции. Инаку тоа е унгарски интернационалец кој пред да дојде во Австрија настапувал за младинските екипи на Фехервар и МТК. Во Салцбург е од 2016 година.

Инаку неговата откупна клаузула изнесува „само“ 25 милиони евра.