По малку изненадувачки, веројатно за многумина и сензационално, Бразилец е тренер во екипата на Влазерими од Кичево, инаку член на Македонската втора фудбалска лига Исток.

И тоа не било кој, туку оној истиот Переира Дос Сантош Леонеш или популарно наречениот Чита кој беше дел од Вардар пред една деценија.

Пристигна во Скопје како кондиционен тренер, беше дел од неколку стручни штабови, кај повеќе тренери, а потоа во 2011 година и самиот да биде поставен како главен тренер на Вардар.
Сега, по десетина години, популарниот Чита повторно е дел од Македонскиот фубдал, но овојпат како тренер на Влазерими.