Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Бошко Ѓуровски, во интервју за агенцијата Анадолу го коментираше успехот на нашата фудбалска репрезентација и пласманот во финалето на Лигата на нации. Македонија е на чекор до едно големо натпреварување, а Ѓуровски го коментираше тимот со кој Ангеловски дојде до оваа фаза.

„Македонија играат сличен систем како Србија, со тројца дефанзивци во задната линија и четири играчи од средниот ред. Тие направија многу добар тим, има пет-шест момци кои беа формирани додека бев на клупата на репрезентацијата. Барди дебитираше со мене, јас го лансирав малиот Ристовски како десен бек. Многумина беа изненадени кога го вратив Велковски од последен играч за врска на местото на стопер, а јас секогаш тврдев дека станува збор за македонскиот Фернандо Jeро. Тој сега е најдобриот централен дефанзивец во земјата, а без него не може да се замисли составот на македонската репрезентација. Тогаш реков дека треба време да се направи костурот на тимот. Пандев беше лут на претседателот и не одговори на поканата за репрезентацијата. Сега се врати и со своето искуство е прв играч на репрезентацијата. Несторовски првично беше прогласен за неталентиран, експлодира во Италија и заедно со Пандев формираат смртоносен тандем. Мислам дека двајцата би можеле да го искористат фактот дека стоперите на Грузија не се карактеризираат со посебна брзина“, анализира Ѓуровски.