Францускиот тенисер Жил Симон тврди дека обвинувањата за Рафаел Надал дека употребува допинг се дел од оркестрираните напади кон него, затоа што многумина не можатда го прифатат фактот дека шпанскиот тенисер е подобар од Роџер Федерер.

Во својата автобиографија „Спорт што нè полудува“, Французинот особено се занимаваше со врската меѓу Надал и Федерер.

Тој се осврна и на фактот дека Шпанецот беше обвинет повеќе пати за употреба на недозволени супстанции, но дека тоа никогаш не беше докажано.

„Тешко е да се убедат луѓето дека Рафаел Надал е подобар од Роџер Федерер. Затоа го обвинуваа за допинг. Едноставно, Надал не се вклопува во имагинарната рамка”, тврди Симон.