Стефано Пиоли и неговите момци ја продолжија извонредната серија и со победа ја почнаа новата сезона во групната фаза од Лигата на Европа. Вечерва на гостувањето во Шкотска, „росонерите“ славеа во дербито над Селтик со 3:1 и тоа со два гола уште во првото полувреме на средбата. Победата за Италијанците ја најавија Круниќ и Диаз во првиот дел, додека Селтик во продолжението успеа само да намали со голот на Елунуси. Во самиот финиш, притисокот на домашните отвори шанса за Милан, кој со голот на Хауге ја запечати првата победа.

Тотенхем доминираше дома против ЛАСК и оствари висока победа од 3:0. Головите за тимот на Мурињо беа дело на Лукас Моура, Сон и еден автогол на Андраде. Вистинска голеада имаше во Шпанија, каде Виљареал со 5:3 го совлада турски Сиваспор, додека Црвена Звезда загуби во Германија од Хофенхајм со 2:0 со два гола во завршниот дел од мечот.

Динамо (З) на Адеми остана непоразен дома против Феенорд (0:0), иако гостите уште на стартот промашија пенал. Руфати и неговата Зорија доживеаја убедлив пораз во Англија од Лестер со 3:0. Руфати влезе во игра за Украинците во последните 15 минути.

ЛИГА НА ЕВРОПА – 1. КОЛО

Баер (Л) – Ница 6-2

ЦСКА (С) – Клуж 0-2

Дандалк – Молде 1-2

Хапоел Б. Ш. – Славија (П) 3-1

Лех – Бенфика 2-4

Наполи – АЗ Алкмар 0-1

ПАОК – Омонија 1-1

ПСВ – Гранада 1-2

Рапид (В) – Арсенал 1-2

Ријека – Реал (С) 0-1

Стандард – Г. Ренџерс 0-2

Јанг Бојс – Рома 1-2

Брага – АЕК 3-0

Селтик – Милан 1-3

Динамо (З) – Феенорд 0-0

Хофенхајм – Ц. Звезда 2-0

Лестер – Зорија 3-0

Либерец – Гент 1-0

Лудогорец – Антверпен 1-2

Макаби ТА – Карабах 1-0

Спарта (П) – Лил 1-4

Тотенхем – ЛАСК 3-0 

Виљареал – Сиваспор 5-3

Волфсбергер – ЦСКА (М) 1-1

СЕЛТИК – МИЛАН »

 

 

ТОТЕНХЕМ – ЛАСК »

 

 

ХОФЕНХАЈМ – Ц. ЗВЕЗДА »