Веднаш по завршување на натпреварот дојде до мала мешаница на теренот. Херојот на Порто, Родригес, во последната секунда се избори за бод против Вардар (25-25). Токму истиот играч влезе во вербален дуел со Борко Ристовски, заборави дека нашиот голман разбира португалски и го сфати неговиот коментар.

На голема среќа, Никола Митревски брзо ги смири тензиите. Родригес до голот за израмнување на можеше да се помири со феноменалната партија на Ристовски, кој запиша 18 интервенции и постигна четири гола.