Кошаркарите на Ц. Звезда обезбедија победа во драматичен меч со ЦСКА (М) во 5. коло од Евролигата. Вечерва во Белград, „црвено-белите“ го совладаа рускиот гигант по продолженијата со 86:84, откако во регуларниот дел немаше победник, 73:73.

Извонреден меч кај домашните одигра Лојд кој средбата ја заврши со 31 поен, а за истакнување е што белграѓани се вратија во мечот од -14.

Претходно, Панатинаикос успеа да слави на дуелот со Фенербахче со 82:68, додека екипата на Жалгирис по четирите последователни победи уго претрпе и првиот пораз. Литванците дома загубија од Валенсија со 82:94, пред се поради фантастичното второ полувреме кое го одиграа Шпанците.