Жерар Пике низ години стана една од главните играчи на Барселона, нековото мислење секогаш е важно. Навивачите едвај чекаат да даде изјава, бидејќи кажува она што мисли. Во едно интервју тој говореше за жешки теми, за претседателот Бартомеу и приказната за заминувањето на Меси.

Овој 33-годишен фудбалер е преполн со контрадикторност, беше подготвен да си замине, а потоа го продолжи договорот со клубот до 2024 година.

Иако од скоро доби договор, сепак не криеше што мисли за првиот човек и пред „Ел Класико“ отворено зборуваше.

„Мојот однос со претседателот може да биде многу подобар. Но, лудо е што клубот потроши пари за да не критикува. Човекот кој беше задолжен за тие работи уште работи за клубот што пак е многу болно“, рече Пике кој ја критиуваше Барселона за намалувањето на платите и начинот на кој го правеше тоа.

„Начините кои ги користеше беа многу лоши, за тоа не се согласуваме. Барса ми даде се, затоа останав во тимот“.

Пике беше еден од ние кој беше подготвен да потпише намалување на платата за 50%. Тој зборуваше отворено и за заминувањето на Ернесто Валверде.

„Не е добро да се отпупти тренерот на среде сезона и тоа додека бевме лидери“, беше краткиот одговор за екс-стратегот.

Пике вели дека Меси е легенда, а дека клубот не смее да си дозволи да остане без него.

„Го замолив да остане, Меси тоа го заслужува. Не може некој кој игра 16 години во клубот да се замине и тоа да го соопшти преку факс, не е добро, тоа не смее да се дозволи. Бартомеу мора да ги цени сите, и оние кои си заминале“.