Едисон Кавани, Хери Мегваер и Мејсон Гринвуд се дел од соатавот на тимот на Манчестер Јунајтед кој ќе му се спротивстави утре на лутиот рувал Челзи во рамките од големото дерби од Премиер лигата. Дуелот се игра од 18:30 часот, а Јунајтед ќе биде посилен за три исклучително битни играчи.

Кавани се очекува да дебитира, Мегваер повторно да го заземе своето место како прв стопер на тимот, по проблемите кои ги имаше и по одморот кој му беше доделен од страна на тренерот Оле Гунар Солскјер, а младиот Гринвуд ќе ја чека шансата да влезе и да помогне на овој исклучително важен натпревар за сите.