Српскиот напаѓач, Лука Јовиќ одново се најде во центарот на вниманието, но овој пат фудбалот не е причината. Тој во март оваа година ги прекрши правилата за самоизолација, од Мадрид одлучи да се врати во Белград. Поради ова обвинителството во Србија поднесе тужба против него.

Јовиќ не ги почитувал мерките кои тогаш беа на сила поради пандемијата коронавирус, тој ги прекрши веднаш, по доаѓањето во Белград, излезе од самоизолација.

Најстрогата казна која може да ја добие е шест месеци затвор. Фудбалерот на Реал имаше шанса да се ослободи од ова обвинение и да ја плати казната која изнесуваше 25.000 евра. Но, се чини дека веруваше дека нема да се отвори судиски процес.