Вардар 1961 освои само бод против Порто на домашен терен иако беше близу до победата. Топката дојде среќно до Ареја, кој во последната секунда погоди за 25-25.

Македонскиот тим на овој натпревар имаше проблем со нападот. Одбраната беше далеку подобра, „црвено-црните“ треба да жалат што не ја искористија ѕверската партија на Борко Ристовски. Репрезентативниот голман запиша 18 интервенции, но и постигна четири погодоци.

Токму со оваа бројка на голови, Борко беше трета стрелец во редовите на својот тим, што пак говори за нападот на Вардар 1961. Пред него беа Чупиќ со седум гола, четири ги постигна од седум метри, и Вујин со пет погодоци.

Три гола запиша Дибиров, два Јотиќ и Стоилов, и по еден имаа Талески и Гаџа.

Вардар 9161 на овој дуел мораше без Кристијан Дисингер, засега не е познато колку ќе паузира, но неговиот мак-бек и добро анализирање на проблемите во нападот се неопходни пред пеколното гостување кај ПСЖ на Раул Гонзалез по поразот од Келце.