Импресивни 90 милиони фунти ќе бара екипата на Вулверхемптон за својата најголема ѕвезда, Адама Траоре. Шпанскиот репрезентативец уште во јануари може да биде продаден, но само доколку стигне понуда во рамките на бараната цена.

Ливерпул, Манчестер Сити , Манчестер Јунајтед, Барселона и Јувентус се заинтересираните клубови за 24-годишниот шпански репрезентативец кој има завидна брзина и извонредни вештини во играта во контранапад.

Вулверхемптон очекува понуда од Барса во јануари, затоа што Каталонците веќе им најавиле дека се подготвениз а преговори.