Ненад Димитријевиќ и неговиот Хувентуд на домашен терен ја совладаа Басконија со 83-82 во рамките на седмото коло во Лига Ендеса. Двата тима одиграа одличен натпревар, чиј победник се решаваше во последната секунда. Хувентуд заслужено се радуваше на триумфот број пет, во голем дел од мечот беше многу подобар противник.

Тимот од Бадалона беше одличен во првите 30. минути. По првата четвртина имаше предност од 26-19, во ист ритам продолжи во следниот период, на одморот замина со позитива од плус 15 (47-32). Најголемото водство на овој натпревар го имаше на средината на третата четвртина (53-37).

Токму по овој резултат почна да паѓа ритамот, на другата страна Басконија, полека ја надополнуваше негативата. Со одличен вовед на последната четвртина направи целосен пресврт и поведе со 73-76 на две минути до крајот.

Во неизвесна завршница на крајот бодовите останаа во Бадалона.

Македонскиот репрезентативен плејмејкер во игра мина  постигна седум поени сите во втората четвртина. Имаше о/4 за три, 2/7 за два поени и 3/3 од линијата за слободни фрлања, за нецели 15. минути додаде два скока и две асистенции.