И покрај слабиот настап Интер успеа да ги освои бодовите против Џенова. Победи со 2:0, но камерите уловија еден интересен момент. Антонио Конте реши да го извади од игра Лаутаро Мартинез. Аргентинецот беше незадоволен од тоа што беше заменет и тргна кон своето столче и почна да го удира со тупаници. Конте само го погледна, но сигурно не му беше сеедно и тоа сигурно ќе го запамти и ќе му одржи лекција на својот фудбалер.