Екипата на Лацио успешно ја заокружи неделата на фудбалски план. Прво ја совлада Борусија Дортмунд во 1. коло од Лигата на шампионите, а вечерва ја победи Болоња со 2:1 и со добро расположение го чека вториот меч од ЛШ против Клуб Бриж.

Вечерва го победија противникот со два гола во второто полувреме. Во првото Сванберг постигна гол за Болоња но беше поништен после реакција на ВАР поради прекршок.

На почетокот на второто полувреме Луис Алберто погоди, а потоа мрежата на гостите ја затресе и Чиро Имобиле. Во финишот Де Силвестри го ублажи поразот, инаку трет за Болоња во серија.

За Лацио ова е втора победа во пет одиграни натпревари и е на 10-тото место, а Болоња го запиша четвртиот пораз е ја зазема 18 позиција.