Реал Мадрид ја совлада Барселона со 3:1 на „Ноу Камп“ во дербито на шпанското првенство. Многу врева се крена околу пеналот за Реал Мадрид во второто полувреме кој го реализираше Серхио Рамос за водство од 2:1, а потоа Модриќ ја запечати победата.

Рамос беше соборен откако беше повлечен за дресот од противнички играч. Попусто играчите на Барселона се бунтуваа кога судијата со помош на ВАР процени дека тоа е пенал.

Таа победа е многу важна за нас од гледна точка на емоциите. Успеавме да ги издржиме критиките и да победиме. Победата во домот на вечниот ривал е слатка. Не знам зошто толку се коментира за пеналот. Чист прекршок – играчот на Барса ме зграпчи, кога сакав да скокнам по топката. Јасно се гледа и на снимките. Затоа не е чесно да го напаѓаме судијата поради тоа што донел вистинско решение“, изјави Рамос.

Image