Баерн го „здроби“ Ајнтрахт со 5:1 во меч од Бундес лигата, но победата остави горчина во устата поради тешката повреда на младиот централен бек Алфонсо Дејвис. Репрезентативецот на Канада незгодно застана го извитка зглобот и практично сам се повреди.

Од Баерн се надеваа дека не е ништо страшно, но за жал прегледите покажаа оштетувања на лигаментите.

„Да, за жал се работи за тешка повреда на лигамент на десниот скочен зглоб. Некои влакна се скинати, некои само напукнати. Него сигурно го чека пауза меѓу шест и осум недели“, кажа тренерот Ханси Флик.