Ливерпул успеа со 2:1 да го совлада Шефилд Јунајтед во меч од 6. коло на англиската Премиер лига. „Црвените“ имаа негатива, меѓутоа го свртеја резултатот во своја корист. Прво гостите поведоа со голот на Берге од пенал откако Фабињо направи прекршок во својот шеснаесетник.

Но пред крајот на првото полувреме Фирмино го изедначи резултатот. Во 64 минута Диего Жота погоди за конечни 2:1 и четврта победа на шампионите во новата сезона.