Хабиб Нурмагомедов славеше против привремениот првак, Американецот Џастин Геџи во една од најголемите борби во историјата на УФЦ лесна категорија и притоа објави крај на кариерата. Дагестанецот во две рунди го „суреди“ противникот откако го фати за врат и го натера да се предаде, а по победата и заплака поради тоа што ова му е прва борба во животот која ја одработе без присуство на својот татко кој почина од коронавирус оваа година.

Хабиб остана непоразен во сите 29 досегашни борби, а појасот успешно го бранеше против Конор МекГрегор, Дастин Поирие и сега против Гeџи.