Македонскиот интернационалец Никола Ѓорѓев го постигна вториот гол во Втората швајцарска лига оваа сезона. По оној погодок против Чијасо на крајот на септември, сега играчот за врска реализираше против Шафхаузен, а неговата екипа успеа да победи со 2:1 и да ја прекине серијата од два порази.

Ѓорѓев постигна гол во 45 минута од мечот за водство на „Скакулците“, но Шафхаузен изедначи во второто полувреме, а Шмид во 89 минута донесе бод за најтрофејниот швајцарски клуб.

Грасхоперс е втор на табелата во Втората лига додека Шафхаузен е на седмото место.