Вардар и Ренова одиграа интересен и возбудлив натпревар, на крајот заврши без победник 3:3.

Вардрци цело време „бегаа“, поведоа 2:0, потоа и 3:1, но на крајот „гипсарите“ стигнаа до еден бод на ова тешко гостување.

Исто како и головите, се менуваа и временските прилики. Почна со дожд, па имаше сонце, и потоа облачно време на „Арената“.

Брзото водство на Вардар, не ги поколеба тетовци и ги искористи грешките на одбраната на Вардар, за во 90-та минта да стигне до еден, ама вреден бод.

Фото: Спортмедиа