Можеби неочекувано, со оглед на тоа што прикажуваше Работнички во последно време, момците на стратегот Ратко Достаниќ попладнево во Тетово одиграа навистина квалитетно, посебно во вториот дел и стигнаа до 1:1. Иако немаше да биде незаслужено ако ги освоеја и сите три бода.

Коментар по натпреварот за СПОРТМЕДИА има тренерот на “романтичарите“ Ратко Достаниќ.

И гостувавме на една многу квалитетна екипа. Да, можевме да победиме, но искрено овој бод е реалност за Работнички во овој момент. Првиот дел не беше добар, направивме неколку грешки, во тие моменти Шкендија поведе и можеше да го реши победникот. Но затоа во продолжението од мечот успеавме да одиграме навистина квалитетно, да израмниме, а јас им честитам на нашите играчи кои просто “изгинаа“ на теренот во Тетово. Кога се игра така тогаш тој натпревар не можеш да го загубиш. Јас сум задоволен, и од резултатот и од играта“ посочи Достаниќ.