По триумфот на Хабиб Нурмагомедов, синоќа против Џастин Гејџи, со што ја одбрани титулата во лесна категорија во УФЦ, со порака на Твитер се јави и Конор МекГрегор, најголемиот ривал на Дагестанецот во неговата кариера.

Ирецот е навикнат да дава скандалозни ијзави, но сега се чини дека конечно кажа нешто што треба да го каже во вистински момент.

Одличен настап на Хабиб. Јас ќе продолжам и натаму. Респект и сочувство за твојот татко до тебе и твоето семејство. Искрено, семејството МекГрегор“, напиша Конор.

Да кажеме и тоа дека победата Хабиб најави дека се повлекува во пензија и дека без неговиот татко кој неодамна почина, а му беше и тренер, нема намера веќе да се бори.