Со својот прв гол сезонава во унгарскиот шампионат, македонскиот интернационалец Мирко Ивановски беше дел од само втората сезонска победа на Диосѓер. Вечерва пред своја публика, Диосѓер славеше со убедливи 3:0 над Пушкаш Академија, а нашиот интернационалец го постигна вториот гол за домашните со удар од белата точка.

Диосѓер по седум кола останува на претпоследното место на табелата со само 7 освоени бода.