Хабиб Нурмагомедов славеше против привремениот првак, Американецот Џастин Геџи во една од најголемите борби во историјата на УФЦ лесна категорија и притоа објави крај на кариерата.

По победата на адресата на Хабиб стигнаа бројни пораки. Кристијано Роналдо веднаш се огласи и пиша: Честитики брате, твојот татко е горд на тебе“.