И ова коло како да не може да мине без спорни моменти. Неколку часови по мечот во Битола, каде Струга Трим Лум одигра 1:1 на гости кај Пелистер, стружани на својот официјален фејсбук профил излегоа со жестоkа реакција, притоа постирајќи три видеа од кои тие сметаат дека се жестоко и драстично оштетени. Да кажеме дека Струга ТЛ во самиот финиш на мечот водеше со 1:0, но прими гол и со тоа загуби два големи бода. Сепак Струга ТЛ во последните секунди постигна гол за победа, но не беше признат поради наводен офсајд.

-Во првиот случај при резултат 0:0, Лена е во напад, се изборува за позиција со еден домашен играч а потоа излегува сам пред домашниот голман и погодува за 1:0. Голот е поништен поради фаул во напад.

-Во вториот случај има прекршок над фудбалер на Струга Трим Лум кој се наоѓа во казнетиот простор на домашните. Ова не е пенал според судијата.

-Во третиот случај, момент од последните секунди од мечот кога Струга ТЛ постигнува гол за победа, истиот е поништен поради недозволена позиција.

Се ова може да се види на видеата. Инаку главен судија на овој натпревар беше Константин Влахо.

2/3 🚨🚨
Rasti i penalltisë të pa dhënë nga “gjyqtari” i takimit!
Në këtë rast akordohet faull jashtë zone, ku shihet qartë që lojtari jonë është brenda saj!

Posted by F.C. Struga on Sunday, 25 October 2020