Пауло Дибала најверојатно во зимскиот преоден рок ќе си замине од Јувентус. Тој не крие дека не задоволен од статусот кој го има во клубот од Торино, а посебно сака да си оди по расправијата со директорот Паратичи. Се споменуваат неколку клубови кои го посакуваат Аргнетинецот, но Челзи е најконкретен. Имено како што се шпекулира, менаџерот на „сините“ Франк Лампард многу сака да го има Дибала во своите редови, а за тоа Челзи има намера на Јуве да му понуди 100 милиони евра само за отштета, со цел да го откупи договорот на Дибала кој е со важност до 2022 година. Инаку годишната плата на Дибала во Челзи би биола 10 милиони евра. Колку за потсетување, во летниот преоден рок Челзи се засили со Вернер, Хаверц, Зијеш…каков ли само тоа тим би имал клубот од “Стемфорд“ ако и Дибала дојде.