Е.Пелистер тргна кон Гудме, првата евро-станица во групната фаза во Лига Европа. Вториот македонски претставник во ова друштво, утре му гостува на ГОГ во рамките на второто коло, претходно битолчани не го одиграа дуелот на домашен терен поради пандемијата коронавирус во таборот на противникот.

Иако сите играчи беа негативни на Ковид-19, сепак тренерот Жељко Бабич на овој натпревар не поведе тројца ракометари. Во Битола останаа Граџан, Ѓукиќ и Кукуловски, истите не се поврдени, ова е одлука на тренерот.

Пред заминувањето за Гудме, Бабиќ не крие дека е навистина тешко да се одржи мотивот кај играчите во период со малку одиграни мечеви. СЕХА-лига не стартуваше на време, Е.Пелистер не игра во првиот дел во домашниот шампионат, а згора не се, беше откажан и првиот дуел во Лига Европа.

„Тешко е постојно да тренираш, да имаше силен интезитет, а да не играш натпревари. Но, ете се случи да не тргне СЕХА, домашно првенство не играме, а првиот меч беше во Лига Европа беше одложен.

Тешко беше да се задржи фокусот и интезитетот во тренажниот процес, но тоа е дел од нашата тренерска работа во некои отежнати околности да го извлечеме максимумот што можеме. Јас сум задоволен од играчите, беа доста вредни, направивме добар проект, ги државме момците под контрола, беа фокусирани, верувам дека и покрај сите проблеми, минавме одличен подготвителен период, се стабилизиравме како тим. Играчите ги покажаа своите квалитети. За нас е важна одбраната – таа е нашиот живот, верувам дека се сме добро подготвени да играме европски ракомет во овој момент“, рече Бабиќ.

ГОГ е првиот противник, а битолскиот состав ќе мора да биде трпелив во нападот за да може да дојде до првите гостински бодови.

„ГОГ е многу добар тим, прв во Данска, што доста говори. Имаат брз проток на топката, играат „еден на ден“, страшно трчаат во сите 60. минути, опасни се во напад и во одбрана. Една од главните цели која треба да направиме е контрола на нападот и враќање во одбраната. Ако имаме добар посед на топката, трпеливост во нападот, ќе успееме да ги успориме и ќе можеме да се поставиме квалитетно во одбраната која верувам дека ќе биде цврста, па ќе имаат проблеми“.

Натпреварот меѓу Е.Пелистер и ГОГ се игра во вторник со почеток во 18:45 часот.