Девет меча за Тиквеш во Втората лига – исток, исто толку постигнати голови. Два хет-трика од кој вториот на саботниот меч со Каменица Саса, претходно против Осогово. Ете затоа “бомбардерот“ Симеон Христов е новиот миленик на фановите на кавадаречкиот клуб, на “Лозарите“. А и тој многу добро знае кога ќе постигне гол со кого прво да ја подели радоста. Се разбира дека малку треба да внимава и на коронавирусот во ова време – невреме, кога се радува со нив. Но радоста по постигнат хет – трик за својот тим е поголема и од Ковид-19.