Универзитет Тетово со 3:0 го победи Вардар во дербито на одбојкарскиот шампионат на Македонија. Вечерва во СРЦ Кале, гостите од Тетово беа подобри и без загубен сет го победија актуелниот шампион. Инаку резултатот по сетови беше 25:19, 25:22 и 25:21, тоа значи дека во целиот меч ОК Универзитет Тетово бил подобар противник. Ова е прв пораз на Вардар во изминатите три кола, додека ОК Универзитет Тетово им максимален ефект, три победи во првите три меча од новата сезона во нашата елитна одбојкарска лига.