Екипата на Леванте остана во црвената зона во Ла Лига откако вечерва одигра со резултат 1:1 против Селта Виго на домашен терен. Иако водеше, сепак, екипата од Валенсија не успеа да победи и со четири бода е на претпоследното место на табелата.

Леванте го отвори резултатот во 48 минута преку Роџер од пенал, а изедначи Кареира само четири минути подоцна.

Македонскиот репрезентативец Енис Барди влезе во игра кај Леванте во 60 минута на местото на повредениот Моралес. Десет минути подоцна упати силен шут но топката помина покрај стативата во гол-аут.

Во 94 минута Леванте славеше погодок на Роџер, но помошникот го крена знаменцето за офсајд. Главниот судија Лопез реши да побара помош од ВАР и само доби потврда. По шутот на Роџер, Гомез кој иако не играше со топката, а стоеше пред голманот бил во офсајд – НЕМА ГОЛ!

Селта е на позиција 17 со шест освоени бодови.