Жоан Плаза откако си замина од клупата на тимот на Зенит не беше долго време без работа. Ангажиран е да биде новиот стратег на тимот на Гран Канарија.

Оваа иформација ја пренесуваат Шпанските медуми, кој тврдат дека смената на тренерското место во овој клуб е неминовна по катастрофалниот старта на сезоната во сите натпреварувања.

Досегашниот тренер Порфи Фисака ги брои последните денови на клупата на Гран Канарија, затоа што во потполност разочара со моменталните резултати.

Плаза во моментов има 56. години и има огромно искуство со екипи како Реал, Жалгирис, Уникаха, Зенит…