Како што пренесува “Марка“, Жозеп Марија Бартомеу нема намера да си поднесе оставка од местото претседател на ФК Барселона. Иако најавите во текот на денот беа дека Бартомеу на вечерашниот прес ќе го стори тоа, сепак според шпанскиот весник тој и натаму ќе биде на чело на каталонскиот гигант, и тоа спротивно на волјата на фановите, но и на Меси, Пике и остнатите ѕвезди на клубот.

Ова доаѓа по денешниот состанок на бордот на директори на клубот. Интересно е тоа дека Бартомеу ќе почека до почетотокот на следниот месец кога треба да одржи референдумот, но и ако властите на таа шпанса провинција дозволат одржување на истиот со оглед на катастрофалната ситуација во Шпанија со Ковид-19.