Тијаго Алкантара, Наби Кеита и Жоел Матип ќе го пропуштат утрешниот меч на Ливерпул во Лигата на шампионите против дански Митјиланд, потврди Јирген Клоп на денешната прес-конференција.

Триото беше надвор од акција и во последните неколку недели, но се надеваше на враќање на „Енфилд“ во вторник. Клоп потврди дека тројцата нема да бидат вклучени за натпреварот, затоа што, како што вели, им треба уште малку време за целосно опоравување.