Интересна вест ни доаѓа од Русија, поточно од Ростов каде игра нашиот голем талент Давид Тошевски. Имено директорот на стадионот на Ростов добил отказ од раководството на клубот и тоа поради еротска фото – сесија која е направена на стадионот со полуголи девојки. Некому ова не му се допаднало, па затоа првиот човек на стадионот мора да си оди.

Договорено било стадионот да се искористи за фото-сесија на девојки во костими за капење, по нарачка на некоја си рекламна агенција. Но фотографирањето отишло предалеку, имено малку наликува и на порнографија, па во Ростов “збеснале“ кога дознаеле за што всушност станува збор. Сесијата е направена пред еден месец, јавноста сликите се уште ги нема видено, но на социјалните мрежи истите веќе се појавуваат и баш изгледаат убаво.

Но, тоа е тоа. На првите луѓе на Ростов очигледно не мислат така.