Четири дена по натпреварот во Лигата на Европа со Наполи на кој забележа изненадувачка победа на „Сан Паоло“, холандски АЗ Алкмар објави дека имаат уште два случаи на коронавирус во рамките на клубот.

„Откриени се две нови инфекции со коронавирус во АЗ во групата на играчи. Вкупниот број на заразени лица во моментот се искачи на 15. АЗ внимателно ги следеше процедурите што треба да се применат во последните месеци. Повеќето играчи кои имаат позитивен тест не покажуваат симптоми. Поради овие инфекции, АЗ одлучи да преземе превентивни активности. Од играчите кои беа позитивни минатата недела, еден сега е негативен“, се вели во новото соопштение.